На 25 септември 2024 година во централниот дел на главниот град на Бугарија – Софија се одржа 13. Европска ноќ на литературата, а секој културен центар или амбасада имаше свое одредено место за читање.
Специјално за настанот од Скопје допатува авторот на промовираната книга „Исти очи“ Горјан Петревски, кој на почетокот од вечерта се обрати кон посетителите. Публиката, која можеше да циркулира помеѓу 19 различни места за читања (читателски гнезда) на различните културни центри и амбасади во Софија, го проследи читањето актерите Ѓорги Георгиев – Антика и Игор Дамјанов на извадок од романот „Исти очи“. Заинтересираните читатели имаа можност да се здобијат со промовираната книга и да добијат автограм од писателот, а исто така и да поразговараат со него.