На 26 април, со почеток во 18:30 часот, во организација на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, во соработка со ИД "Макавеј" од Скопје, се одржа претставување на книжевниот портрет на големиот македонски литературен творец Михаил Ренџов.
Промотори на делото на Михаил Ренџов беа македонскиот поет и литерурен критичар Бранко Цветскоски и бугарскиот поет и преведувач Роман Кисјов. Стихови интерпретираше актерот Иван Калошев во гитара придружба од Ива Христовска.
Настанот го отвори директорот на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, м-р Васко Шутаров.
Авторот има издадено преку дваесетина книги поезија, книги со поезија за деца и раскази. Преведуван на бројни светски јазици и добитник на сите позначајни литературни награди во Р.Македонија и значајни меѓународни литературни признанија. Портретот на Михаил Ренџов во Софија е проект поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија.