На 28 октомври 2019 година во КИЦ концерт одржа трио „Аура“ со голем успех и пред полниот салон на КИЦ. Скопските професори од ФМУ – Ана Гацева, Страшо Темков и Марјан Милошевски изведоа дела од Н. Димушевски, А. Пиацола и други.
Триото АУРА го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Темков, Гацева и Милошевски работат како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат реализирано многубројни рецитали како...