КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Концерт „Мала Италија патува со Павле Камилоски“ во КИЦ на РМ во Софија

ул. „Обориште“ 7, Софија
27 Dec 2018 - 18:30
Концерт „Мала Италија патува со Павле Камилоски“ во КИЦ на РМ во Софија (банер)

Предновогодишниот концерт „Мала Италија патува со Павле Камилоски“ ќе се одржи на 27 декември (четврток) во КИЦ на РМ во Софија од 18: 30 часот. Солистот Павле Камилоски ќе настапи во пијано-придружба на Горан Начевски.

„Мала Италија патува со Павле Камилоски“ е проект посветен на музиката и создаден од љубовта кон звуците на класиката, медитеранската музика, романтичните шансони, канцони и шпански песни. Приказната на Мала Италија е започната пред пет години и брои пет прекрасни концерти на различни локации во Скопје. Мотивација за проектот е Павле Камилоски и неговата вродена љубов и талент кон медитеранската музика и безвременските музички творештва.

Павле Камилоски преку својата работа и искуство во хотелиерството, го има прошетано целиот свет, а во 2012-та година го има својот прв аматерски настап на Seaborne Yachting Club, најлускузната линија за крстарење. Од тогаш до денес тој работи на усовршување на својот вроден талент и посетува приватни часови по соло пеење кај професорот Горан Начевски.

Неговиот прв дебитантски настап се случи во октомври 2014 година, во Музејот на Град Скопје, каде што успеа да ја освои публиката уште со првата соло изведба. Продолжува со надоградување на своите вокални способности, гостува на елитни настани и промоции пред бројна публика во Македонија и странство.  

Во 2017 година заминува за Париз на надоградување на своите вокални способноси и посетува мастер часови со еден од најпознатите и најбараните европски тенори Раме Лахај.

Горан Начевски е роден во Скопје 1978 г. Во МБУЦ Скопје учел композиција кај проф. Томе Манчев, а соло пеење кај проф. Ѕвезда Мирчевска. Дипломирал и магистрирал композиција кај проф. Милан Славицки, а во 2001 година, по паралелните студии, магистрирал и соло пеење кај проф. Рене Тучек на Факултетот за Музичка уметност во Прага, Чешка Република. Во 2006 на истиот Факултет докторирал Музичка теорија со специјализација по теорија на композиција.

Од неговото творештво изведени се дела во Македонија и во странство (Италија, Чешка, Австрија, Србија).  

Со успешното деби во март 2006 год. како Шарплес во операта Мадам Батерфлај (со која гостува и на сцената на Операта во Тирана), Начевски ја започнува својата вокална кариера како солист баритон во Македонската Опера и Балет, и за краток период од три години на истата сцена дебитира во уште 15 главни улоги.

Горан Начевски се посветува и на концертното пеење и има многубројни настапи во Македонија и во странство.

Од 2007 година Начевски работи како асистент, од 2010 како доцент, а од 2015 е вонреден професор по предмети од областите Теорија на музиката со композиција и Соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31