На 19-ти Јуни 2018 година, во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, се одржа концерт на класична музика со музичкото трио „Ад либитум“, според програмата на Министерството на РМ за 2018 година. Емилија Кабранова Филипова на пијано, Силвана Чулева Атанасова на флејта и Лазар Соколов на кларинет и саксофон одржаа извонреден концерт, израз со полн музички естетицизам и вдахновено поздравен од полниот салон и присутната публика.