Пред полн салон на Музичкиот центар "Борис Христов" во Софија на 31 Октомври концерт одржа нашето познато музичко "Дуо Кировски" - Маја ШутевскаКировска на пијано и Љубиша Кировски на виолина и виола.
Пред публиката во Софија тие се претставија со пет пиеси за пијано и виола од балетот "Ромео и Јулија" од Прокофјев, "Сонатата за виолина и пијано" од Корилјано и две дела специјално напишани за нив Dancing with my shadow од Илиевска-Бете (по повод 20 годишнината од постоењето на Дуото) и "Вечера немаме" од Бужаровски.
Дуо Кировски постои на македонската музичка сцена повеќе од 20 години, репрезенти се на македонската музичка сцена и на многу сцени ширум светот, добитници на бројни награди и признанија, меѓу кои и наградата"Виртуози" во 2013 година. Концертот на "Дуо Кировски" во Софија го организираше Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија со поддршка на македонското Министерство за култура.