На 28 февруари 2014 год. во 18,30 часот, во Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија свој концерт имаше Дуото Кларинети "Ѓоревски-Бакревски". Оваа ретка музичка формација на македонските подиуми е составена од нашите двајца познати кларинетисти Ристо Ѓоревски и Игор Бакревски и е плод на нивната долгогодишна соработка и во нивната матична куќа, Македонската опера и балет и преку соработката во други камерни формации и ансамбли. Музичкиот репертоар за два кларинети е вистинска реткост, а Ѓоревски и Бакревски токму во тоа пронаоѓаат провокација за музичко истражување.
На концертот во Софија, дуото се претстави со дела од Б.Крусел, Ф.Пуланж, Ж.Лефевр, Џ.Росини и Д.Имери, а на барање на публиката и со "Пелистерското оро" и "Пајдушкото оро".