На 9 октомври 2018 година, во просториите на Културно-информативниот центар на РМ во Софија се одржа камерен концерт на виола и пијано со Блерим Груби (виола) и Арјана Куриу Груби (пијано).
Во присуство на амбасадори и дипломати од Македонија, Албанија, Бугарија и Косово, како и многу колеги од музичката класична сцена, г-дин и г-ѓа Груби имаа многу добар настап поздравен со бројни аплаузи и бис на крајот.
Концертот го најави и гостите ги поздрави директорот на КИЦ, д-р Сашко Насев, а г-дин и г-ѓа Груби за пробирливата софиска публика изведоа дела од Рудолф Марош, Тонин Харапи, Рамадан Соколи, Тиш Даија, Томислав Зографски и други композитори. Програмата на уметниците беше поздравена со аплаузи, а особено мајсторството на Блерим Груби во соло точките изведени само на виола.