На 20 Септември 2022 година, во галерија на КИЦ настапи Македонски Брас Квинтет пред бројна софиска публика, музичари и дипломати. Во полниот салон на КИЦ и во убава атмосфера македонските дувачи од Операта и Филхармонијата изведоа дела од светската класика и беа повикани на бис. Во нивна чест беше послужено чаша македонско вино, а настанот имаше одличен медиумски прием во водечките бугарски сајтови.