КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
10 Мај 2022 - 18:30

На 10 мај (вторник) 2022 во КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи концертот „Музиката нема граници“ на Младинскиот оркестар при Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

Оркестарот, кој е формиран во 2020 година и функционира под уметничкото раководство на Александар Митрички, се претставува со македонска популарна и рок музика, преработки на македонски евергрини и народни песни. Во програмата на оркестарот се застапени музички композиции, познати од изведбите на Каролина Гочева, Тоше Проески, Александар Митевски и Драган Спасов Дац, Влатко Стефановски, Ареа, Куку леле, Нон стоп, Александра Јанева, Зијан, Ана Костовска, а исто така и џез преработки на познати македонски народни песни, како и песни од кумановскиот крај.

Младинскиот оркестар се состои од над 15 членови, а неговиот инструментариум е составен од вокални солисти, бас гитара, соло гитара, акустична гитара, клавијатури, саксофон, кларинет, кавал, хармоника, кахон, тарамбука, виолина, труба, тромбон.

Покрај композициите кои се пеат, оркестарот изведува и композиции во вид на џез стандарди, преработки на песни во инструментална форма и преработки на ора и песни од традиционалната македонска музика.

Концертот во КИЦ на РСМ во Софија ќе го изведат Петар Штерјовски – хармоника, Никола Стојковски – бас гитара, Филип Стојковски – гитара, Јован Цветковиќ – клавијатура, Иван Михајловски – кахон, Анастасија Филиповска – вокал, Мима Младеновска – вокал, Филип Гелевски – вокал.

 

Share

Настани

  • 16 Dec 2022 - 19:30

    Фестивал на авторски театар – ФАТ, организиран од Здружение „Творци“ ќе се одржи од 16 до 18 декември 2022 г. во „Топлоцентрала“ во Софија.

    Театар „Пи“ од Скопје исто така ќе земе учество во програмата на фестивалот, а целосната информација и програмата за фестивалот може да се види на следните веб адреси:...

    Топлоцентрала, Софија

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31