Квартетот во состав Јакимовска Марија – флејта, Петровска Билјана – пијано, Стипаничев Динко – контрабас, Стевковски Гоце – тапани ќе го направи својот прв настап во Софија. Од своето формирање, во април 2017 година, камерниот состав за кратко време реализираше повеке концертни настапи во градовите низ Република Македонија, во Велес, Свети Николе, Штип, Тетово, Куманово, Кавадарци и Кочани.
На програмата на концертот е предвидена Свитата за флејта и џез пијано трио, напишана од џез пијанистот и композитор Клод Болинг во 1973 година и составена од седум ставови. Ова музичко дело, создадено за класична флејта, е посветено на познатиот флејтист Жан Пјер Рампал, и џез пијано трио (пијано, контрабас и тапани). Во САД, во 1975 година албумот на кој свиреле композиторот и пијанист Болинг и Рампал бил номиниран за Греми награда, за најдобра изведба на камерна музика.
Концертот ќе понуди камерна музика, компонирана во одличен спој на класична и џез музика заедно.
Програма:
1. "Baroque and Blue"
2. "Sentimentale"
3. "Javanaise"
4. "Fugace"
5. "Irlandaise"
6. "Versatile"
7. "Véloce"
Времетраење: 50-60 минути