Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески, на 7 февруари настапи во концертната сала "Бугарија" во Софија, со изведба на Концертот за пијано и оркестар број 1 од П.И.Чајковски, како солист на Оркестарот на Бугарското национално радио, под диригентската палка на маестро Емил Табаков.
Својот прв настап во Софија, Симон Трпчески го реализира со бравурозна интерпретација и долги аплаузи во преполната сала Бугарија.
Концертот беше директно пренесуван од Бугарското национално радио и снимен од Бугарската национална телевизија.