Камерниот концерт „Романтична поезија и музика“, по повод 147 години од раѓањето на Гоце Делчев, се одржа во КИЦ на РМ во Софија на 4 февруари (понеделник) 2019 година.
На концертот зедоа учество Сузане Браунштефер, Ѓорги Георгиев-Антика, Георгиос Филаделфевс и Десислава Тодорова, со изведби на дела од Верди, Штраус, Бизе, Пејо Јаворов, Петре М. Андреевски, Офенбах. Во галеријата на КИЦ, по повод настанот, беше поставена изложба на сликарски дела од ликовните уметници Марјан Ѕин и Иво Пецов.
На настанот присуствуваа премиерите на Р. Македонија и Р. Бугарија – Зоран Заев и Бојко Борисов, како и министрите за култура на двете земји – Асаф Адеми и Боил Банов. Концертот беше проследен од многубројна публика и во пријателска атмосфера.
Одбележувањето на 147 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев со концерт е плод на соработка меѓу КИЦ на РМ во Софија и Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар Гоце Делчев