Влатко Стефановски во својот легендарен манир повторно ја освои софиската публика настапувајќи заедно со Теодосиј Спасов, Васил Хаџиманов, Јелена Јововиќ, Дритан Хекурани и Амар Чешљар во (за оваа прилика формираниот) супер бенд „Западни Балкани БГ“ на СоФест во легендарниот простор на Националниот дворец на културата - „Софија лајв клуб“. Во присуство на голем број дипломати, уметници, новинари и гости, Влатко со останатите музичари одржаа мајсторски концерт во манирот на етноџезот, џезот и нивни хитови.