На 20 ноември 2018 година, во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, се одржа концертот „Современа фантазија“ како дел од програмата на Министерството за култура на Република Македонија за 2018 година. Концертот го изведоа Маја Митровска (сопран), Марина Коруновска (сопран) и Александра Јанковска (пијано). На репертоарот беа дела од познати македонски и бугарски композитоари како што се Скаловски, Кирил Македонски, Прокопиев, Бранѓолица, Владигеров, Маринов и други, а премиерно беше изведена и композицијата „Трговец“ на Д. Нечак.
Самиот настан го отвори д-р Сашко Насев кој во своето обраќање ја истакна заложбата на нашето Министерство за култура да го подржува квалитетот и актуелната македонска уметност, а се повеќе на репертоарите на претставување во странство да имаме талентирани и веќе докажани автори.