На 26 октомври, во концертната сала на Музеј Борис Христов во Софија се одржа концерт со наслов "Вечер на македонски автори", на кој беа изведени дела за флејта и пијано од македонски композитори од неколку генерации. На концертот настапија Златка Митева-флејта и Наташа Трбојевиќ-пијано. Во Програмата беа вклучени дела од Стојан Стојков, Гоце Гавриловски, Валентина Велкова-Трајановска, А. Мелоти, Томислав Зографски, Љубомир Бранѓолица и Трајко Прокопиев. Настанот го отвори г-дин Ненад Младеновиќ, претставник на Амбасадата на Р. Македонија во Софија.
Златка Митева дипломирала на Националната музичка академија "Панчо Владигеров" во Софија, каде што и магистрирала во класата на проф. Лидија Ошавкова. Вонреден професор по флејта е на Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип.
Наташа Трбојевиќ дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Лепша Пиперковска, а магистрирала во класата на проф. Евушка Трпкова-Елезовиќ. Од 2016 година е доцент на Музичката академија на Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип.
Настанот е подржан од Министерството за култура на Република Македонија.