КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български
Македонски

Концерт за пијано и обоа во изведба на Кристина Светиева и Томе Атанасов

Со концертот за пијано и обоа во изведба на Кристина Светиева и Томе Атанасов, што се одржа на 6 Јуни во "Музејот на Борис Христов" нашата земја се вклучи во меѓународната програма на јубилејниот 10 Фестивал на уметностите, посветен на бугарскиот оперски пејач со светска слава, Борис Христов. На овој реномиран музички фестивал годинава настапија бројни бугарски музички уметници како и гости од Австралија, Германија, Шведска, Финска, Кипар и Грција.

На рециталот за пијано и обоа, нашите познати музички уметници се претставија со дела од: R.Schuman, J.B.Loeillet, F.Poulenc, C.Nielsen, J.W.Kalliwoda, како и со Сонатата за обоа и пијано од Стојан Стојков.

Кристина Светиева дипломира на Факултетот за музички уметности во Скопје во 2006 година, магистрира во 2008 година под менторство на познатата бугарска пијанистка и педагог Жени Захариева а во 2010 година ја завршува својата двегодишна специјализација на познатата музичка академија "Schola Cantorum" во Париз. Докторира во април 2014 година, а од 2012 година е доцент по пијано на Факултетот за музички уметности во Скопје. Светиева е носител на бројни домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои и на натпревари во Италија, Бугарија и Чешка.

Томе Атанасов има остварено голем број на концерти и рецитали, како член на триото "Атанасов", како солист на обоа со камерниот оркестар "Скопски солисти" и камерниот оркестар "Симфонија" од Софија. Атанасов настапува како соло обоист на оркестарот "Kammerphilharmonie" од Келн, има бројни настапи низ целиот свет, Германија, Франција, Шпанија, Холандија, Белгија, Австралија, Кина, Ј.Кореја, настапува и во светски музички сали "Sidney Opera House", City Recital Hall Angel Place во Сиднеј, Австралија и "Palau de la Musica" во Валенсија, Шпанија.

Концертот на Кристина Светиева и Томе Атанасов во Софија е дел од Годишната програма на Македонскиот културен Центар во Софија и финансиски поддржан од нашето Министерство за култура.

Концерт за пијано и обоа во изведба на Кристина Светиева и Томе Атанасов (снимка)
Концерт за пијано и обоа во изведба на Кристина Светиева и Томе Атанасов (снимка)
Концерт за пијано и обоа во изведба на Кристина Светиева и Томе Атанасов (снимка)
Концерт за пијано и обоа во изведба на Кристина Светиева и Томе Атанасов (снимка)

Настани

Share

За КИЦ на РМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31