На 10 јуни, во рамките на 12 Меѓународен музички фестивал "Борис Христов" беше одржан концерт за виолина и пијано со македонските музички уметници и педагози Михајло Куфојанакис и Тодор Светиев. Вечерта беше посветена на дела од македонски композитори Т. Зографски, К. Македонски, В. Николовски, С. Стојков, Р. Аврамовски.
Концертот беше организиран во соработка на Културно-информативниот Центар на Р. МАкедонија во Софија и Музичкиот Центар "Борис Христов", во рамките на циклусот музички концерти насловени како "СкопјеСофија".