На Европската Ноќ на музеите што се одржа во Пловдив на 16 мај, долги редици од посетители до долго во ноќта, присуствуваа на првото претставување на групна изложба на македонските уметници од концепцијата "Конекција 2". На покана на општинската установа "Стар Пловдив" во галеријата на познатата Балабанова куќа, свои дела изложија нашите уметници МАрјан Ѕин, Иво ПЕцов, Зоран Мише, Слободан Милошески, Горан Тричкоски, Павел Целкоски, Адриана Јованоска, Иван Стоименов, Ице Огненовски, Јорданчо Ристовски и Јовица Миленов.
Изложбата ја отворија Васко Шутаров и Амелија Гешева во име на домаќинот, а свои обраќања имаа и првите луѓе на организацијата "Пловдив-Европски град на културата 2019 г."