По повод својот 10 годишен јубилеј од основањето и по повод Светскиот Ден на Поезијата 21 Март, Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во софија подари 100 книги од македонски автори на Националната библиотека во Софија. Најголем дел од подарените книги се стихозбирки од најстарата македонска книжевна генерација, почнувајќи од класикот на македонската поезија Ацо Шопов чие прво дело преведено на бугарски јазик беше објавено во 2013 г, преку дела од академиците Петре М. Андреевски, Радован Павлоски, Богомил Ѓузел, Катица Ќулавкова, до најмладата македонска поетска генерација со дела од Никола Маџиров, Владимир Мартиновски, Јовица Тасевски Етернијан. Најголемиот дел од подарените книги се на македонски јазик а еден дел и книги од наши автори преведени и објавени и во Р. Бугарија. Репрезентативен примерок дела од Струшките вечери на поезијата исто така беа дел од донираните книги на најголемата библиотека во Р. Бугарија.
Од името на КИЦ на Р. МАкедонија во Софија свое обраќање имаше директорот м-р Васко Шутаров, кој од директоркта на Националната Библиотека проф. Борјана Христова прими Благодарница за колекцијата подарени книги.
На настанот присуствуваше и г-н Гоце Георгиевски, министер-советник во Амбасадата на Р. МАкедонија во Р. Бугарија.