КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Литературна вечер со писателката и преведувачката Ана Багрјана

На 2 декември 2021 во КИЦ на РСМ во Софија се одржа „Литературна вечер со писателката и преведувачката Ана Багрјана“.

За богатата преведувачка дејност на Ана Багрјана, во која се застапени повеќе наслови од македонски автори, преведени на украински јазик, како и за нејзината писателска дејност говореа директорот на македонскиот КИЦ во Софија д-р Сашко Насев и литературниот критичар и книгоиздател Пламен Тотев. Режисерот и актер Ѓорги Георгиев – Антика читаше избрани кратки текстови и поезија.

Настанот почна со едноминутно молчење за загинатите стари лица во селото Ројак во Бугарија и за 45-те македонски државјани кои загинаа на 23 ноември во сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“. Директорот на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија Сашко Насев се заблагодари за букетите, електронската пошта и сочувството што граѓаните на Бугарија го изразија во КИЦ по повод несреќата минатата недела.

На културната вечер присуствуваа голем број дејци и претставници на културниот живот на Софија, а на присутните им се обратија и писателот и поранешен директор на бугарскиот КИЦ во Скопје Димитар Христов, како и амбасадорот на Украина во Бугарија Виталиј Москаленко, поранешен украински амбасадор во Северна Македонија.

На литературната вечер присуствуваа само оние кои претходно се пријавиле и имаа потврди за вакцинација или за прележеност од Ковид-19. Поставените услови се со цел почитување на мерките за справување со пандемијата.

Настани

2 Dec 2021 - 18:30
Литературна вечер со писателката и преведувачката Ана Багрјана (банер)

На 2 декември (четврток) 2021 со почеток од 18:30 часот, во КИЦ на РСМ во Софија, ќе се одржи „Литературна вечер со писателката и преведувачката Ана Багрјана“.

За нејзината богата преведувачка дејност, во која се застапени...

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31