КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Македонски филмови на Меѓународниот Софија Филм Фест 2023

Дом на киното, ул „Егзарх Јосиф“ 37, Софија
10 Mar 2023 - 20:30

Како дел од програмата на овогодишниот Софија Филм Фест ќе бидат претставени 7 филмови на филмскиот режисер Милчо Манчевски и еден филм на Теона Митевска. Програмата на македонското учество во фестивалот можете да ја проследите подолу, а целосната информација за Меѓународниот Софија Филм Фест можете да ја најдете на: www.siff.bg

 

ПРЕД ДОЖДОТ

Северна Македонија-Франција-Велика Британија, 1994, 113 мин.

Во древен планински манастир во Македонија млад монах на име Кирил наоѓа уплашена девојка, скриена во неговата ќелија. Таа е жртва на етничка омраза и откако нејзините непријатели ја откриваат, спокојот на неговото осамотување засекогаш е нарушен... Во еден лондонски ресторан Ан и нејзиниот сопруг, со кого е разделена, се среќаваат, за да разговараат за нивните проблеми. Нивниот разговор е прекинат од гласна расправија меѓу келнер и муштерија. Муштеријата заминува, после се враќа, стрела низ ресторанот и покрај другите го убива и нејзиниот сопруг... Познатиот фотограф Александар, станал познат фотографирајќи ја војната и нејзините жртви, се враќа во своето родно македонско село во потрага на спокој. Ан и Александар се љубовници – еве зошто нивниот брак е во опасност, а бегалката, која се крие во манастирот, е ќерка на неговата претходна љубовница...

НАГРАДИ И НОМИНАЦИИ

Венеција ’94 – „Златен лав“, најдобар актер, награда на ФИПРЕССИ, награда на публиката

Оскар ’95 – Номинација за најдобар странски филм

10 март, петок, 20:30 – Дом на киното

***

ПРАВ

Њујоршки крадец, незгодна стогодишна старица, двајца браќа од Дивиот Запад, револуционер кој сака да ја ослободи Македонија од Отоманската империја и убава трудница – нивните патишта се вкрстуваат во приказна која опфаќа два континента и три века. Фрагментираниот наратив наликува на кубистичка слика.

11 март, сабота, 15:00 – Дом на киното

***

БИКИНИ МУН

Германија-Канада-САД-Северна Македонија, 2017, 102 мин.

Во центар за бездомни луѓе во Њујорк екипа, која работи на документарен филм, ја открива Бикини Мун Дејвис, на која ѝ треба помош и дом. Со нејзините големи, живи очи и широка насмевка, Бикини е провокативна и дрзка и очигледно има ментални проблеми. Таа тврди дека возела виљушкар за време на војната во Ирак и дека е дрводелец - „како Исус, но со гради“. Таа се надева дека ќе го стабилизира својот живот, за да може да ја земе својата мала ќерка од домот во кој е сместена.

12 март, недела, 15:45 часот – Дом на киното

***

МАЈКИ

Северна Македонија-Франција-Бугарија, 2010, 123 мин.

Филмот раскажува три приказни: Две деветгодишни девојчиња пријавуваат во полиција егзибиционист кој никогаш не го виделе; тројца филмски режисери се среќаваат со единствените жители на едно напуштено село – стари брат и сестра, кои не разговарале 16 години; старите чистачки се пронајдени силувани и задавени во мал град. Уапсен е репортерот кој известува за случајот.

13 март, понеделник, 20:30 часот – Дом на киното

***

СЕНКИ

Македонија-Германија-Италија-Бугарија-Шпанија, 2007, 129 мин.

Откако на Лаки му се случува сообраќајна несреќа и мистериозно се спасува од сигурна смрт, неговиот живот почнува да се менува. Запознава чудни луѓе: старец со бебе, древна дама која зборува заборавен дијалект, убава млада жена со мачна тајна. Нивната единствена порака е: „Врати го она што не е твое. Однесувај се со почит!". Постепено сфаќа дека тоа е порака од другиот свет, од измачени души, кои како да умираат повторно и повторно.

Но зошто го избраа точно него?

14 март, вторник, 20:30 часот – Дом на киното

***

ВРБА

Северна Македонија-Унгарија-Белгија, 2019, 101 мин, во боја

Три Македонки мора да се изборат за правото на контрола врз своите тела, традиционалните вредности, правото на бременост и посвојување. Нивната цел не е да го променат светот или општеството, но нивната борба да бидат мајки ќе ги направи необични херои. Трите горчливо-слатки приказни – една средновековна и две современи – во исто време рефлектираат и контрастираат една со друга, истражувајќи ги темите на љубовта, довербата и мајчинството.

15 март, среда, 20:30 часот – Дом на киното

***

КАЈМАК

Северна Македонија-Данска-Холандија-Хрватска, 2022, 106 мин, во боја

Искрена, неконвенционална и трогателна љубовна приказна, но и критика на нелибералното лицемерие. Богат млад пар живее безгрижен живот, кога далечен роднина доаѓа да живее со нив. Нивните средовечни соседи, кои живеат во куќа која се распаѓа, се чувствуваат отфрлени, а сопругот започнува афера со продавачката на сирење. Истражувајќи ја вечната потрага по љубов, Кајмак допира многу помрачни прашања – сурогатното родителство, изневерата, улогата на жената во семејството и општеството, трговијата со луѓе и сексуалната слобода.

18 март, сабота, 20:30 часот – Дом на киното

***

НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ

Режисер: Теона Митевска

23 март, четврток, 20:30 – Кино Одеон

24 март, петок, 20:45 – Културен центар G8

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30