На 28 септември 2024 (сабота) во централниот дел на градот Софија (Пред Народен театар) се одржа настанот „Саем на јазиците“, кој е дел од повеќе манифестации, организирани од културните институти од кластерот на EUNIC, конзулати и амбасади во Бугарија, Бугарската Академија на Науките, Софиски Универзитет.
Убавиот сончев ден создаде прекрасни услови за посетителите на македонскиот штанд, на кој програма за посетителите водеа актерите Марин Џишев и Марија Карилоска. Настанот предизвика голем интерес кај публиката од најразлични возрасти.