Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и делегацијата предводена од него, го посетија КИЦ на РСМ во Бугарија. Спасовски беше пречекан од директорот на КИЦ Сашко Насев. Тој на министерот Спасовски му ја претстави работата на Центарот за култура и настаните што се одржуваат во Бугарија во организација на Центарот.