На 4 Јули во КИЦ на РСМ во Софија се отвори изложбата „Сеќавања“ како мултимедијален проект на семејството Ибрахим. Беди Ибрахим - скулптор и сликар, Фунда Ибрахим – актерка и Батухан Ибрахим – режисер.
Изложбата ја отворија директорот на КИЦ, д-р Сашко Насев и амбасадорката на РСМ во РБ, Агнеза Руси – Поповска, а за ликовното значење говореше д-р Иво Пецов.
Авторите се заблагодарија за исклучително успешниот прием и пред бројната публика, составена од писатели, музичари, културни работници и пријатели на КИЦ-от, изразија надеж за продлабочување на соработката.