Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија, во соработка со Музејот на град Скопје, на 4 март во 18:00 часот, во просториите на КИЦ беше отворена изложба на фотографии под наслов "Фрагмети" од Марин Димески. Изложбата ја отвори директорот на Музејот на град Скопје, Јован Шурбановски.
Марин Димески е професионален фотограф, роден е 1948 год. во Прилеп. Завршил историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Скопје. Со уметничка фотографија се занимава од 1970 година. Автор е на осум самостојни изложби, учествувал со свои дела и на поголем број групни изложби во земјата и странство на кои има добиено повеќе награди и признанија. Член е на ДЛУМ и на Здружението на применети уметности на Хрватска, на Хрватското друштво на ликовните Уметници на Истра.