Во КИЦ на Р. Македонија во соработка со Националната галерија на Р. Македонија на 24 фебруари во 18:00 часот беше отворена изложба на современата македонска сликарка Марија Павловска, под наслов "Трепет". Изложбата ја отвори директорот на Националната галерија на Р. Македонија, г-ѓа Маја Крстевска.
Марија Павловска е родена во Скопје 1975 год., дипломирала и магистрирала отсек сликарство на ФЛУ–Скопје. Член е на ДЛУМ од 1999 г. Автор е на седумнаесет самостојни изложби: Галерија Стоби; Музеј на современа уметност-Скопје; Галерија на ДЛУМ; Lang Gallery во Виена–Австрија; Белград-Србија, Галерија-73; Париз-Франција во Cite Internacionale des Arts; Нинберг-Германија; Њујорк-САД, Галерија на МЦ итн.
Добитник е на наградата за сликарство "Димитар Кондовски" во текот на 2003 год., на пеесетгодишнината на ДЛУМ. Наградата за цртеж на ДЛУМ, Откуп и колекција на НУБ Климент Охридски и е доделена 2005 год.