Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија на 4 јуни во 18:00 часот, во просториите на КИЦ беше отворена изложбата на карикатури од современиот македонски карикатурист Никола Анѓелкоски.
Никола Анѓелкоски е роден 1957 год., Гостиварско, завршил Ликовна Академија отсек Графика во Скопје. Првата карикатура ја објавил 1973 год. во неделникот за хумор и сатира "Остен", од тогаш објавува редовно свои карикатури во повеќе домашни и странски списанија.
На придружната манифестација на Светската галерија на карикатури добитник е на првата награда на тема "Вода, лето, туризам" во 1974 год. Учествува на повеќе меѓународни фестивали и добитник е на неколку награди. Од 1999-2003 година е главен и одговорен уреник на "Остен". Во негова чест во 2001 година воведена е и почесна награда во рамките на СГК за гег-карикатура. Во јули 2004 година инаугуриран е за претседател на Македонија на ФЕКО (FECO).