Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија, во соработка со Асоцијацијата за култура и уметност "Нова линија" од Скопје, на15 јуни во 18:00 часот во просториите на КИЦ, беше отворена изложба под наслов "Генезис" на современиот македонски сликар Данчо Кал’чев. Изложбата ја отвори ликовниот критичар и историчар на уметноста Златко Тедодосиевски.
Данчо Кал’чев е роден во Скопје 1957 год., каде што дипломира на Педагошката академија во класата на сликарот Ванчо Георгиевски, 1984 год. дипломира и на Факултетот за ликовни уметности во класата на Димитар Кондовски. Денес живее и работи во Гевгелија. Член е на ДЛУМ од 1984 год.
Со свои дела се преставил со осум самостојни изложби во Р. Македонија, Германија, Австралија, учествувал и во над петнаест групни изложби во земјата и странство. Ликовната критика го смета за еден од најреномираните македонски сликари од средната генерација.