Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и НУ Центар за култура "Григор Прличев" од Охрид, на 16 јули во 18:30 часот, во просториите на КИЦ беа претставени охридски роднокрајни писатели.
Пред љубителите на книгата во КИЦ на Р. Македонија, со учество на директорот на Центарот за култура на Охрид, г-ѓа Драгана Боцеска и современите писатели Смиле Наумоски и Тоде Илиевски беа преставени бележити писатели од минатото и современоста кои потекнуваат од Охрид: Григор Прличев, Коста Абраш, Ванчо Николески, Јован Котески, Живко Чинго, Трајан Петровски, Крсте Чачански, Смиле Наумоски, Милош Линдро, Тоде Илиевски, Бранко Цветкоски, Славе Ѓорго Димоски и Зоран Јакимоски.
Истовремено од споменатите автори беа изложени книги, кои по завршувањето на изложбата беа подарени на фондот на библиотеката на КИЦ на Р. Македонија.