Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија, во соработка со Музејот на современа уметност - Скопје, а со учество на Дирекцијата – Култура на градот Софија и Националниот дворец на културата во Софија, на 2 април во 18 часот беше отворена изложба на костимографија од современиот македонски сликар Лира Грабул. Изложбата ја отворија директорот на Музејот на современа уметност Елиза Шулевска и директорот на НДК Христо Друмев.
Лира Грабул е родена во Скопје, дипломирала на Факултетот за применета уметност–костимографија во Белград.
Има богато педагошко искуство, предавала на училиштето и Факултетот за применета уметност-моден дизајн, на Институтот за текстилно инжинерство, на Факултетот за драмска уметност-костимографија, во текот на 2007 година предава на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ESRA.
Лира Грабул е автор на голем број на ревии и изложби во Р. Македонија, како и на редица костимографии преку најзиниот професионален ангажман во македонските театри, МТВ, видео спотови, итн.