Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и НУ Музеј на современа уметност, на 30 септември во 18:00 часот, во просториите на КИЦ беше отворена изложба на современиот македонски уметник Соња Димитрова под наслов "Ќесичка чај".
Соња Димитрова е родена во Кочани, 1979 год., дипломирала 2002 год. на одделот за текстил во класата на професор Димо Балев, на Националната уметничка академија во Софија. Во текот на 2003 година магистрирала на одделот за ткаена таписерија на West Dean College, UK. Сега работи во тимот на Борис Далчев за декорација на ентериери.
Автор е на две самостојни изложби, учествувала со свои дела во странство и на неколку групни изложни. Во текот на 2003 год. добитник е на наградата Valerie Power за ткаена таписерија.
Соња според критиката е млада но препознатлива авторка, амбициозна, впечатлива, интересна и секако уметник со свој ракопис во дизајнирањето и изработувањето на секоја нејзина таписерија.