КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

НУ Музеј на современата уметност – Скопје, проект: изложба “Синестезија“

Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија, во соработка со Музејот на современата уметност на Република Македонија, во рамките на Програмата за меѓународна соработка на Министерството за култура на Република Македонија, на 1 септември во 18:00 часот во Галеријата Средец, беше отворена изложба на современа македонска уметност, под наслов "Синестезија". За уметничките вредности на изложбата говореше Елиза Шулевска, директор на Музејот на современата уметност на Република Македонија. Изложбата беше отворена во присуство на Министрите за надворешни работи на Република Македонија и за култура на Република Бугарија, г-дин Никола Попоски и г-дин Вежди Рашидов.

Овој културен настан се организира во рамките на чествувањето на 20-годишнината од Независноста на Република Македонија, а воедно ќе биде посветен и на Денот на град Софија – 17 Септември. 
На изложбата беа прикажани дела на 14 македонски современи уметници, чие што творештво ја профилира македонската ликовна сцена: Томе Аџиевски, Тони Мазневски, Жанета Вангели, Искра Димитрова, Благоја Маневски, Јован Шумковски, Станко Павлески, Велимир Жерновски, Ѓорѓе Јовановиќ, Вана Урошевиќ, Јане Чаловски, Исмет Рамиќевиќ, Отец Методиј Златанов и групата ОПА (Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски).
Досега, овој проект беше реализиран во Виена, Скопје, Рим и Белград.

НУМузеј на современата уметност – Скопје,  проект: изложба “Синестезија“ (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31