Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и Националната установа- Универзитетска библиотека "Св.Климент Охридски"- Битола, на 26 јуни во 19:00 часот, во просториите на КИЦ се одржа изложба на книги "Македонија од антика до денес". Изложбата ја отворија вишиот библиотекар Илче Стојановски и преставникот на библиотеката Благој Бошевски.
На изложбата беа изложени околу 300 книги подредени хронолошки, кои што проучуваат најразлични временски периоди кои што се однесуваат на Р. Македонија, почнувајќи од антиката, преку среден век па до денес, проследени со видео презентација "Ден во Македонија".