КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български
Македонски

Официјално претставување на млади книжевни писатели

На 28 април во КИЦ на Р. Македонија во Софија се одржа официјалното претставување на младите книжевни писатели. Пред публиката во Софија нив ги претставија г-н Нове Цветаноски од книгоиздателството "Македоника литера" кој е иницијатор и носител на овој проект и г-н Васко Шутаров од КИЦ на Р. МАкедонија во својство на организатор на овој настан. Пред бројни писатели, преведувачи, претставници на книгоиздателства, љубители на литературата, извадоци од свои прозни текстови читаа авторите Јулијана Величковска, Фросина Пармаковска, Михајло Свидерски, Давор Стојановски, Петар Андоновски, Живко Гроздановски и Верче Карафилоска.

Во текот на вториот работен ден од Деновите на младата книжевна проза, беше отворена посета на Универзитетската библиотека на Софискиот Универзитет, каде нашите млади автори даруваа по еден примерок од своите дела. Третиот ден од гостувањето беше отворена средба во Сојузот на бугарски писатели и средби со партнери во подготовка за Саемот на книгата во Софија, како и вклучување во прославата на 80 години од раѓањето на големиот бугарски писател Љубомир Левчев.

Официјално претставување на млади книжевни писатели (снимки)
Официјално претставување на млади книжевни писатели (снимки)
Официјално претставување на млади книжевни писатели (снимки)
Официјално претставување на млади книжевни писатели (снимки)

Настани

Share

За КИЦ на РМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30