На 14 мај се одржа Осмата македонска книжевна визита, на која беше претставен книжевен портрет на академик Луан Старова. Беседници беа академик Али Алиу и Бранко Цветкоски. На поетското читање истата вечер свои стихови интерпретираа македонски книжевници Ристо Ѓ. Јачев, Бранко Цветкоски, Братислав Ташковски, Вера Чејковска, Марта Маркоска, Илија Велев, Владимир Илиевски, Зоран Јакимовски, Кире Неделковски.
НАстанот беше организиран во соработка со ИД Макавеј-Скопје со поддршка од нашето Министерство за култура. Програмата ја водеа Васко Шутаров и Владимир Цветкоски.