КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български
Македонски

Пијано рецитал на Елена Костовска

ул. „Обориште“ 7, Софија
18 Oct 2018 - 18:30
Пијано рецитал на Елена Костовска (фотографија)

Соло концертот „Пијано рецитал“ на Елена Костовска ќе се одржи во КИЦ на РМ во Софија на 18 октомври (четврток) од 18:30 часот.

Во програмата на концертот се предвидени композиции на светски познатите композиторски имиња како Франсоа Купрен, Клод Дебиси, Фредерик Шопен, Роберт Шуман, Ернесто Лекуона, а исто така ќе бидат интерпретирани и композиции на познатиот македонски композитор Томислав Зографски.

Елена Костовска е родена во Скопје. Во родниот град го има завршено Средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, во класата на проф. Драгољуб Апостолов. По завршувањето на Факултетот за музичка уметност, во класата на проф. Тодор Светиев, во 1997 година е примена на последипломските студии по пијано на Високата школа за музика во Есен-Дуизбург, Германија во класата на проф. Бернард Вамбах. Магистрира на истата школа во 1999 година, како стипендист на Лионс Клубот од Дуизбург, Министерството за култура на Република Македонија и Сорос Фондацијата.

Има учества на натпревари во Република Македонија, а во 1995 година учествува на меѓународниот натпревар “Музиката и Земјата” во Софија, Бугарија, каде ја добива специјалната награда, а зема и учество на меѓународниот натпревар во Виоти Валсесиа, Италија 1999 година. Учествува на бројни мајсторски школи кај познати пијанисти и педагози (В. Крпан, Е. Корољов, А. Валдма), а посебно плодна соработка остварува со пијанистката Жени Захариева од Бугарија, проф. Арбо Валдма од Германија и  проф. Питер Фојхтвенгер од Англија.

Елена Костовска има одржано концерти во Република Македонија, Германија, Грција и Велика Британија, а свој прв компакт-диск има снимано во 2016 година.

По завршувањето на последипломските студии во Германија, од 1999 до 2003 работи како корепетитор на гудачка класа при Државниот музичко-балетски училишен центар во Скопје. Во моментот работи како наставник по пијано во истото училиште.

Share

За КИЦ на РМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот на КИЦ на РМ

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31