КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български
Македонски

Поезија од 16 македонски автори на Европската ноќ на литературата во Софија

Во галеријата на Столичната библиотека во Софија на 10 мај се читаше поезија од 16 македонски автори, во рамки на шестата Европска ноќ на литературата која во исто време се одржуваше во уште 12 бугарски градови.

Македонската презентација ја организираше Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, кој петта година е вклучен во организацискиот одбор на овој европски проект, во рамки на програмите ЕУНИК (Европска асоцијација на културни институции). Ноќта на литературата е меѓународен настан на кој истата ноќ во голем број градови низ Европа се одржуваат литературни читања на необични места т.н. гнезда.

Во просторот на Република Македонија беа интерпретирани стихови од Ацо Шопов, Матеја Матевски, Ристо Јачев, Влада Урошевиќ, Михаил Ренџов, Анте Попвски, Радован Павловски, Славе Ѓорго Димоски, Лилјана Дирјан, Никола МАџиров... застапени во антологијата Портал на Сонцето, која во 2016 година беше објавена од бугарското книгоиздателство Ерго.

Стихови читаа актерите Игор Дамјанов, Тодор Тодоров и Ѓорги Георгиев-Антика кои пред голем број посетители ја отпеаја и македонската народна песна Ако одам во Битола. Меѓу гостите беше присутен и македонскито амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев.

КИЦ на РМ е меѓу 20-те институции вклучени во поетската ноќ-амбасади, културни институции или центри кои имаат свои седишта во главниот град на Бугарија, меѓу кои оваа година првпат учествуваат и амбасадите на ИСланд, Норвешка и Португалија.

-На 4 мај, пред бројна публика, претставници од дипломатскиот кор, културни работници и бројни познати јавни личности беше отворена изложбата "Охридски филиграни" од Мирјана Николоска.

Поезија од 16 македонски автори на Европската ноќ на литературата во Софија (фотографија)
Поезија од 16 македонски автори на Европската ноќ на литературата во Софија (фотографија)
Поезија од 16 македонски автори на Европската ноќ на литературата во Софија (фотографија)
Поезија од 16 македонски автори на Европската ноќ на литературата во Софија (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31