На 24 јануари 2022 во КИЦ на РСМ во Софија присуствуваше министерката за култура на РСМ Бисера Костадиновска – Стојчевска. По повод нејзиното присуство, КИЦ на РСМ во Софија организираше работна средба со истакнати културни дејци, од областа на литературата, ликовната уметност, музиката, театарската уметност и науката. Министерката Костадиновска – Стојчевска најпрво им се обрати на присутните, а потоа имаше можност да се запознае со искуствата на соговорниците и динамиката на културната размена меѓу двете земји.
Истиот ден просториите КИЦ на РСМ во Софија се исполниja од бројна делегација претставници и министри на владите на Северна Македонија и Бугарија на чело со премиерите на двете земји – Димитар Ковачевски и Кирил Петков. По уводниот дел на директорот на КИЦ на РСМ во Софија, д-р Сашко Насев, пред присутните говореа премиерите и беше отворен информативен простор за МИА во Софија.