На покана на директорката на Државната опера и театар во Варна и директорка на продуцентскиот и културен центар, г-ѓа Даниела Димова, директорот на КИЦ на РСМ во Софија д-р Сашко Насев присуствуваше на премиерата на операта „Волшебната флејта“ од В .А. Моцарт во режија на г-дин Антониу Замфир од Романија и диригент г-дин Христо Христов од Бугарија.
Со спектакуларна изведба и во извонреден амбиент операта имаше голем успех.