Заменик министерот за култура господин Даим Лучи ја предводеше официјалната делегација од Република Северна Македонија која што учествуваше на отворањето на изложбата Требениште 2023 во Археолошкиот музеј во Софија.
По изложбата во Скопје (2019) ова е второ претставување, а во 2025-та година изложбата Требениште ќе биде отворена и во Белград.
Господин Лучи придружуван од директорите на македонските музејски институции господин Зоран Павлов, госпоѓа Славица Бабамова и господин Горан Санев, како и госпоѓа Оливера Ливриниќ и госпоѓа Гордана Ивановска Велковска го посетија и КИЦ каде што беа запознати со програмата и тековните промоции на КИЦ на РСМ од страна на директорот д-р Сашко Насев и амбасадорката Агнеза Руси Поповска.
Господин Лучи изрази голема поддршка на работата на нашиот КИЦ и се заложи за уште поблиски односи со неговиот кабинет.