На 12 мај, во рамките на 8 меѓународен филмски фестивал за културното наследство што се одржува во Софија, беше претставен филмот "Росе од Заград" (48 мин. производство 2015) во режија на Владимир Боцев и во продукција на Музеј на МАкедонија. Заград е село во пределот Порече. Во него живеат само неколкумина постојани жители, меѓу кои е и Росе, 36 годишен маж, кој живее со неговата мајка. Филмот паралелно го покажува секојдневието на Росе и обредот Водици, што секоја година се одржува во селото Заград. Обредот, пред се, го одржуваат иселените жители на селото кои за време на празнување се враќаат во родното село. Ова беше премиерно прикажување на овој филм, а режисерот Боцев и минатата година учествуваше со неколку свои филмови на овој Фестивал, за кое доби и специјална награда од жирито на фестивалот.
Филмскиот фестивал за културно наследство во Софија го организира Меѓународната Фондација "Детев" во соработка со културните центри и институти кои имаат свое седиште во Софија. Културно-информативниот Центар на Р. Македонија трета година по ред претставува македонски филмови посветени на македонскотот културно наследство. Сите филмови што ги претставија странските културни центри и институти во Софија, беа прикажани во Американскиот Центар во Софија.