КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български
Македонски

Претставување на книгата „Јадица“ и изложба на театарска фотографија на Владимир Плавевски

На 4 октомври 2018 година, во просториите на Културно-информативниот центар на РМ  во Софија, се одржа промоцијата на романот „Јадица“ и беше отворена изложбата на театарска фотографија од македонскиот писател и фотограф Владимир Плавевски.

Со голем успех пред публиката од дипломатскиот кор, писатели и претставници на софискиот културен живот, изложбата ја отвори директорот на КИЦ на РМ, д-р Сашко Насев, а публиката ја поздрави амбасадорот на РМ во Бугарија, Марјан Ѓорчев.

Ова беше 26-та самостојна изложба на Плавевски, а беа изложени фотографии од дојаените на македонското глумиште како Петар Прличко, Ристо Шишков, Ненад Стојановски, Перихан Туна, Ацо Ѓорчев, Салаетин Билал, Илија Милчин и други од нивни улоги во претстави на МНТ, Драмски театар, Албанскиот и Турскиот театар во Скопје и други театари.

Романот „Јадица“ го претставија издавачот Пламен Тотев и преведувачот Маријан Петров, а на присутните им се обрати и писателот Владимир Плавевски. Тој го искажа своето убедување дека ова дело ќе предизвика внимание кај бугарските читатели и, дека, станува збор за поинаква структура од неговите други дела („Јадица“ е трето дело на Плавевски што се печати на бугарски јазик, а претходниот роман „Комита“ е добро прифатен кај овдешните читатели) и едновремено потсети дека романот е добитник на наградата „Роман на годината“ на Утрински весник.

Претставување на книгата „Јадица“ и изложба на театарска фотографија на Владимир Плавевски (фотографија)

Настани

4 Oct 2018 - 18:30
Претставување на книгата „Јадица“ и изложба на театарска фотографија на Владимир Плавевски (фотографија)

Во КИЦ на Република Македонија во Софија на 4 октомври 2018, со почеток од 18:30 часот ќе биде претставена книгата „Јадица“, во превод на бугарски јазик, а во издание на издавачка куќа „Персеј“  од Софија. Авторот Владимир Плавевски по втор пат ќе го претстави своето литературно творештво во КИЦ во Софија, а...

ул. „Обориште“ 7, Софија
Share

За КИЦ на РМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30