КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Претставување на книгата „Комита“ од Владимир Плавевски

На 14 декември, во Културно-информтивниот центар на Р. Македонија во Софија, беше претставена книгата "Комита" од нашиот познат писател Владимир Плавевски. Кигата, преведена од Тања Попова, е издание на книгоиздателството "Персеј".

Романот е структуриран на пет дела и во него се отсликува амбиентот на македонската мачна реалност во почетокот на 20. век. Главниот лик, комитата Лазар, ја посветува својата животна кауза на татковината, а неговиот лик е граден врз реконструкција на вистински настани.

Владимир Плавевски (роден во 1948 год.) е романсиер, драмски писател, фотограф, режисер, доктор ОРЛ специјалист. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 2000 година. Освен романот "Комита" досега има објавено уште дванаесет книги: "Земјотрес" (2017), "Јадица" (2013), "Последниот сплавар на Вардар" (2010), "Цена од Ново маало" (2009), "Вистински приказни" (2011), "Поплава" (2006), "Ловец на самовили" (2004), "Амкање" (2011), "Играч на Фанта " (1999), "Фотографија" (1998), "Градител на боговите" (1997), "Папарацо-феномен на денешнината" (1997).

На премиерата на романот "Комита" од Владимир Плавевски во Софија зедоа учество претставници од Амбасадата на Р. Македонија и издателството "Персеј".

Претставување на книгата „Комита“ од Владимир Плавевски (фотографија)
Претставување на книгата „Комита“ од Владимир Плавевски (фотографија)
Претставување на книгата „Комита“ од Владимир Плавевски (фотографија)
Претставување на книгата „Комита“ од Владимир Плавевски (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31