На 12 и 13 септември, по повод Денот на независноста на Р. Македонија 8 Септември, Амбасадата на Р. Македонија во Р. Бугарија и Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, беа домаќини на прием и културна програма во хотел Балкан Софија (12 септември) и Рускиот културно-информативен Центар во Софија (13 септември).
Во културното претставување на двата настани учествуваа Трио Гавровски од долни Полог-Тетово, ЗФГ Копачка од с. Драмче, Делчево кои беа дел од годишната програма на КИЦ на Р. Македонија за 2017 година, како и женскиот камерен хор Св. Злата Мегленска.
Триото Гавровски со двогласното машко "Гласоечко" пеење, како и женското и машкото оро "Копачкото" од с. Драмче, се впишани во репрезентативната листа на УНЕСКО, како заштитени културни наследства на човештвото.