На 17 декември 2019 година во КИЦ на РСМ во Софија ќе биде претставен и прикажан документарниот филм „Боксониера во Бојана“. Проекцијата на филмот е со почеток од 18:00 часот, а пред тоа, авторот на филмот инж. Георги Кулишев ќе ги запознае присутните со подробности околу филмот.
Тоа е филм за промената една „боксониера“ (соба со санитарен јазол), која се претвора во голем модерен апартман. Дејството се случува во софиската населба Бојана, на територијата на производствениот комплекс за филмови – Студија за играни филмови (СИФ) Бојана, во моментов американски студија Њу Бојана Филм, трезорот на Бугарската национална филмотека и ФоХар-фабрика за фотохартија, разрушена пред неколку години. Сега на местото на ФоХар е изградена модерна населба од затворен тип.
Авторот на филмот, инж. Георги Кулишев, има работено 16 години во некогашниот комплекс – 6 години во СИФ Бојана и 10 години во ФоХар – во таа зграда тогаш е сместен дел од фирмата УКВ Практика за производство на УКВ 4М радио предаватели и радиодифузери.
Филмот е дел од серијата 70 документарни филмови за архитектурата, во режија на Георги Кулишев.
Георги Кулишев е роден во 1953 година во Софија. Има завршено Технички универзитет, Звуко-студиски технологии во 1997 год. Активен е повеќе од 30 години во дејноста организација на научни форуми, во областа на акустиката и техниката за звук, музичките и филмски продукции, како и сателитска комуникација.