КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български
Македонски

Проекција на филмот „Манаки – приказка во слики“ од Роберт Јанкулоски

Кино Одеон, бул. „Патриарх Евтимиј“ 1, Софија
23 Jan 2020 - 18:30
Проекција на филмот „Манаки – приказка во слики“ од Роберт Јанкулоски (банер)

На 23 јануари 2020 година во Кино Одеон - Софија, со почеток од 18:30 часот, ќе биде прикажан филмот „Манаки – приказка во слики“ од Роберт Јанкулоски.

По успешното претставување на Роберт Јанкулоски во Софија со своја фотографска изложба минатата година, како и заради интересот на публиката прикажувањето на филмот да се случи уште еднаш во Софија, авторот ќе пристигне за проекцијата на својот филм и пред гледачите во Кино Одеон ќе го претстави своето и делото на браќата Манаки.

Продуцент, режисер и кинематографер е Роберт Јанкулоски, сценариото е на Илинденка Петрушева и Роберт Јанкулоски; монтажа - Блаже Дулев; музика - Горан Керкез; дизајн и звук - Дарко Спасовски.

Филмот ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански кинематографери. Со текот на годините Браќата Манаки се митологизирани, а додавањето на нови и непотврдени информации со цел да се зголеми нивната важност е непотребно и штетно, бидејќи нивното творештво и онака е од големо културно значење не само во Македонија, туку и во поширокиот балкански контекст. Поради оваа причина, секој факт и мислење презентиран во филмот Манаки - приказна во слики се внимателно истражени и потврдени со презентирани артефакти. Приказната се раскажува преку оригинални документарни фотографии следејќи ја нивната работата  од отворањето на првото професионално студио во 1898 година во Јанина и подоцнежното селење во Битола, сега познат како град на браќата Манаки.

Настанот се реализира во соработка меѓу КИЦ на РСМ во Софија и Бугарската национална филмотека.

Билети на касата на Кино Одеон

Share

За КИЦ на РМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Този въпрос удостоверява, че сте реален потребител.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30