Од 12-18 април во Културниот центар "Г-8" во Софија, во рамките на "Деновите на филмови од Југоисточна Европа", беше прикажан филмот "Лазар" од најновата филмска продукција во Р. Македонија. Филмот е дело на режисерот Светозар Ристовски и е работен во македонско-бугарска хрватска и француска копродукција, како и со поддршка на "Еуроимаж".
Организатор на овој ревијален филмски фестивал беше Државниот културен Институт на Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија. Пред публиката во Софија, филмот го претстави директорот на КИЦ на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров.