На 23 јануари 2025 година проф. д-р Зоран Пејковски присуствуваше на отворањето на изложбата „Дијалог преку уметност“, организирана од страна на Националната ликовна академија во Софија и Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на која беа претставени над дваесетина автори.
Проф. д-р Зоран Пејковски во своето обраќање кон присутните истакна дека изложбата „претставува само уште еден показател дека уметноста како совршено суштествување ја детерминира и воскликнува љубовта која го разубавува светот“.
Директорот на КИЦ – Софија проф. д-р Зоран Пејковски и амбасадорката на РС Македонија во Бугарија Н.Е. Агнеза Руси-Поповска зедоа учество во официјалниот дел од вечерта на покана од ректорот на Националната ликовна академија проф. Георги Јанков. На отворањето присуствуваа и двајца од авторите, претставници на Факултетот за ликовни уметности во Скопје – проф. Марија Сотировска и проф. Ангел Миов, кои исто така се обратија кон присутните.
Изложбата во Галерија Академија на Националната ликовна академија во Софија ќе остане отворена за посетителите до 1 февруари 2025 година, а на неа зедоа учество авторите: Ана Спасова, Ангел Миов, Беди Ибрахим, Бојана Павлова, Васил Колев, Велимир Жерновски, Венцислав Шишков, Георги Јанков, Гергана Табакова, Гоце Наневски, Елизар Милев, Емануела Ковач, Здравка Василева, Зоран Мише, Игор Сековски, Капка К’нева, Манја Вапцарова, Кирил Бошков, Красен Троански, Кристина Борисова, Ладислав Цветковски, Љубомил Драганов, Марија Сотировска, Николина Енчева, Роберт Јанкуловски, Розина Макавеева, Светозар Бенчев, Славица Јанашлиева.