КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Промоција на бугарското издание на романот „Турнеја“ од Сашо Огненовски во КИЦ на РСМ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
19 Dec 2023 - 18:30

На 19 декември (вторник) 2023 од 18:30 часот, во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија, ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на романот „Турнеја“ (из. „Изида“) од македонскиот писател Сашо Огненовски. Романот ќе биде претставен од издавачот и книжевен критичар Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров и од самиот автор Сашо Огненовски.

Што се случува кога театар раководен од фатени за гуши медиокритети ќе тргне на светска турнеја?

Романот „Турнеја“ е безмилосна сатира за проблемите во театарската институција. Уметноста е уништувана малку по малку од желните за власт псевдоинтелектуалци.

Брилијантно конструираните ликови на Сашо Огненовски ги доживуваат своите лични трагедии на фонот на непрестаен распад, придружен со многу хумор и иронија. А загатката за тоа кој е мистериозниот Азазел (или Арлекин или Бегемот) којшто потпишува смртни пресуди зад сцената го држи читателот на нокти до последната страница.

Кој ќе преживее последен? Тоа е прашањето.

Сашо Огненовски (1964, Битола) е актер, режисер и писател. Дипломирал на Факултетот за театарска уметност во Скопје 1987 година. Магистер по PR и медиуми. Работел како наставник на Педагошкиот факултет во Битола. Има над 100 улоги во Народниот театар во Битола. Автор е на над 10 книги поезија, проза, драми и истражувања.

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31